8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСубвенции од 500 евра за нов велосипед или електричен скутер

Субвенции од 500 евра за нов велосипед или електричен скутер

Италијанската влада ќе субвенционира набавка на нов велосипед или електричен скутер со 500 евра, објави министерката за сообраќај, Паола Де Микели.

Таа изјавила дека мерката ќе биде дел од стимулативниот пакет вреден 55 милијарди евра за покренување на економијата.

Субвенцијата ќе биде ограничена на градови со најмалку 50.000 жители и целта е да се стимулира “зелена мобилност” по укинувањето на мерките за сузбивање на пандемијата од коронавирусот.

Министерот изјави дека поради потребата од социјално растојание, кое ќе остане на сила, помал број луѓе ќе можат да се возат во автобуси и трамваи, што ќе ги присили да размислат за други форми на доаѓање на работа, како што е возење велосипед.

Поради тоа, владата планира и промени во означувањето на патиштата со цел да им се олесни на градските власти да создадат нови велосипедски патеки, изјави Де Микели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП