ПочетнаЕКОНОМИЈАБројни компании во Германија планираат откази

Бројни компании во Германија планираат откази

Кризата поради пандемијата од новиот коронавирус се повеќе се рефлектира на германскиот пазар на труд, покажува истражувањето на институтот IFO.

Компаниите од различни индустрии планираат на отпуштање на вработени и прекин на временски ограничени договори.

Во април, 58 проценти претприемачи од секторот гастрономија, 50 проценти хотели и 43 проценти туристички организации, како и 39 проценти фирми одлучија да го намалат бројот на вработени, наведува IFO.

Натпросечно голем број на откази очекуваат и вработените во компаниите кои изнајмуваат работна сила. Дури 57 проценти од таквите компании најавуваат откази.

Исто така, во 48 отсто компании кои се занимаваат со производство на кожа, кожна галантерија и чевли се најавува намалување на бројот на вработени.

Во просек, 18 проценти од компаниите во Германија веќе го намалија бројот на работни места.

Интересно е што повеќето компании ги укинуваат работните места во Баварија и Баден-Вуермберг, а најмалку во Сарленд и Рајнланд-Палатинат.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП