5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија ги отвора аеродромите

Словенија ги отвора аеродромите

Словенечката влада одлучи повторно да го отвори редовниот и чартер превоз на патници на меѓународните авионски линии во рамките на ЕУ и со трети земји, но сообраќајот на словенечките аеродроми ќе започне на почетокот на јуни.

„Ја поздравуваме одлуката на владата затоа што попуштањето на досегашните мерки е од суштинско значење за авиокомпаниите за да можат оперативно да ги планираат идните летови. Повеќето авиопревозници ги откажаа летовите на нашиот аеродром до крајот на мај. Сепак, ние деновиве забрзано се подготвуваме да ги примиме првите патници и безбедно да го започнеме патничкиот сообраќај“, во соопштението за јавност наведува германскиот оператор „Фрапорт“, кој управува со љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“.

„Очекуваме постепено враќање на авиокомпаниите на нашиот аеродром во јуни и јули“, рече Бригита Зорц од „Фрапорт Словенија“ и додаде дека очекуваат првите меѓународни летови да се случат кога ќе се олеснат одлуките за премин на границите и влез во земјата. Засега се уште важи седумдневен карантин. Укинувањето на оваа мерка може да следи во мај.

Се очекува дека ќе остане во сила епидемиолошката мерка според која на патниците кои пристигнуваат во Љубљана со авион, ќе им се мери телесната температура, а во врска со тоа и со други здравствени прашања, „Фрапорт“ е во контакт со словенечкото Министерство за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП