21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Јапонија ја доби првата жена извршен директор за 138...

Централната банка на Јапонија ја доби првата жена извршен директор за 138 години постоење

Jапонската централна банка ја именуваше првата жена за извршен директор во 138 години постоење.

Токико Шимицу, 55-годишна банкарка, поставена е на местото извршен директор како дел од голема реорганизација во централната банка, со што стана дел од тимот од шест директори одговорни за водење на секојдневни работи на централната банка.

Шимицу започнала да работи за Банката на Јапонија во 1987 година. Ги водела работите во одделението за финансиски пазари и девизно работење, а била генерален директор за Европа и главен претставник во Лондон помеѓу 2016 и 2018 година.

Банката на Јапонија е основана во октомври 1882 година.

Токико Шимицу стана првата жена во долгата историја на банката која го зазема едно од шесте места на извршен директор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП