21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуски медиуми: Светската економија се опоравува од короната?

Руски медиуми: Светската економија се опоравува од короната?

Светската економија почнува да излегува од кризата. Различни модели на инвестициски банки укажуваат дека дното е веќе надминато, пренесува руската државна телевизија.

Кина, од каде што во најголема мера и започна актуелната криза, уште во февруари ја надмина најниската точка.

САД исто така го поминаа врвот на кризата, но два месеци подоцна. Треба да се потсетиме и дека кризата во САД започна подоцна. Причината за економските проблеми беше короната, поточно рестриктивните мерки, поврзани со нејзиното ширење. Што е интересно, можноста за втор бран може да биде поврзана со укинување на карантинот.

Според експертите, слабеењето на рестриктивните мерки може да предизвика раст на бројот на заразени.

Според аналитичарите на Goldman Sachs, токму тоа е и главната закана и можна пречка за раст на светската економија.

Да додадеме и дека, покрај тоа, постојат и други закани. Прилично долг карантин удри на многу компании, од кои некои нема ни да закрепнат од кризата.

Висока е веројатноста за бран на банкротирања, со сите последици кои од тоа произлегуваат. Уште една закана е наглиот раст на невработеност, практично во сите држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП