Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека не е за обновување на преговорите со Кина во првата фаза од трговскиот договор, како што беше договорено.
Трамп, на брифингот по повод пандемијата од коронавирус, на прашањето дали ќе се позанимава со идејата за преобликување на првата фаза од трговскиот договор, одговори:
„Не, не, дури ни малку. Не сум заинтересиран. Го потпишавме договорот. И слушнав дека тие би сакале повторно да ги отворат трговските преговори за да направат подобар договор“.