5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс призна дека во 2016 година го известил Трамп за опасноста...

Бил Гејтс призна дека во 2016 година го известил Трамп за опасноста од пандемија

Основачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардер Бил Гејтс изјави дека се обидел да го предупреди новоизбраниот претседател Доналд Трамп за опасноста од голема пандемија на вирус веднаш по претседателската трка во 2016 година, но истакна дека се чувствува виновен што не го сторил тоа дури и погласно.

„Кога се сретнав со луѓето од врвот во Европа, Соединетите држави, ширум светот, избрав да разговарам за овој ризик од пандемија“, изјави тој во интервју за „Вол Стрит џурнал“, објаснувајќи дека тој му кажал за пандемијата на американскиот претседател за време на состанокот во декември 2016 година во Трамп Тауер.

„Се чувствувам страшно. Целта на разговорот беше да можеме да преземеме мерки и да ги намалиме штетите. Посакувам да сторев повеќе за да привлечам внимание на опасноста“, рече Гејтс.

Тој вели дека, иако многу светски лидери во принцип се согласиле со неговите совети, малкумина презеле какви било активности за да се подготват, што го натерало самиот да почне да бара потенцијални решенија.

Преку Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, основана во 2000 година, технолошкиот претприемач и неговата сопруга обрнаа внимание на голем број здравствени кризи ширум светот, вклучително и финансирање за лекување на ебола и вирусот Зика, а сега ги ублажуваат ефектите на „Ковид-19“.

Фондацијата издвои околу 250 милиони американски долари за борба против оваа болест – која Гејтс ја нарекува „најдраматична работа во мојот живот“ – со надеж дека конечно ќе се најде вакцина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП