27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска сепак нема да успее да ја сочува економијата од криза

Шведска сепак нема да успее да ја сочува економијата од криза

На почетокот на епидемијата, Шведска донесе одлука да не ја затвора земјата како што сторија и другите европски земји. Грижејќи се за својата економија, практикуваше полабави ограничувања. Меѓутоа, бројот на жртви покажа дека ова можеби не беше добра идеја.

А што се случи во меѓувреме со нејзината економија, која толку многу ја штитеше? Според првите официјални податоци, шведската економија привремено избегна жесток удар на кризата. Нејзиниот БДП во март падна само за 0,3 проценти, што е значително помалку од просекот на еврозоната кој изнесува -3,8 проценти.

Меѓутоа, како што велат економистите, на долг рок ова не беше одржливо економско решение. Значи, ни Шведска нема да успее да ја избегне кризата. Европската комисија предвидува дека нејзиниот БДП оваа година ќе падне за 6,1 процент.

Нејзината централна банка, Riksbank, има уште помрачна прогноза. Имено, таа очекува дека БДП ќе падне помеѓу седум и 10 проценти. Невработеноста би можела да достигне помеѓу девет и 10,4 проценти. Ваквите показатели не се невообичаени за земја како нашата, но за скандинавските земји се аларм за узбуна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП