2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција се фокусира на поддршка на угостителството

Грција се фокусира на поддршка на угостителството

Грчката влада во текот на овој месец ќе се фокусира на обезбедување поддршка за рестораните и угостителскиот сектор.

Покрај тоа, земјата ќе ги поддржи и сопствениците на недвижнини, кои не биле во можност да ја соберат целата сума за закуп за време на воведените мерки поради сузбивање на коронавирусот, изјави министерот за финансии, Христос Стаикурас.

Тој истакна дека неговото министерство ќе иницира процедури за субвенционирање на хипотекарни кредити за основните резиденции, кои можат да траат до девет месеци.

Министерот истакна дека Грција очекува да повлече најмалку 1,4 милијарди евра од програмата на Европската комисија SURE за поддршка на вработувањето.

Реализацијата на таа програма би требало да започне во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП