15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија работи на пакет помош од 55 милијарди евра

Италија работи на пакет помош од 55 милијарди евра

Италијанската влада работи на финализирање на пакет вреден 55 милијарди евра за поддршка на економијата во земјата која се бори против коронавирусот, објави во саботата весникот Corriere della Sera.

Премиерот Џузепе Конте, кој според пишувањата на овој весник ги разработувал деталите за планот во текот на овој викенд, би требало да го претстави пакетот следната недела.

Нацрт планот на 760 страници вклучува средства за туризам, култура и земјоделство, сектори кои особено се погодени од кризата. Вклучително и пари за здравствениот систем и поддршка за вработување и домаќинствата.

Италија пријави вкупно 217.185 заразени со коронавирус, а по Британија и најголем број смртни случаи.

Европската комисија изјави дека Италија треба да се подготви за сериозен економски пад, бидејќи бруто домашниот производ ќе падне за скоро 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП