3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците нема да се шишаат кај фризер до 4 јули

Британците нема да се шишаат кај фризер до 4 јули

Британците нема да можат да одат на фризер, да посетуваат пабови или ресторани најрано до 4 јули, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.

„Од 4 јули најрано, ќе разгледаме други сектори, меѓу кои и услужните дејности, но и личната нега како фризерските салони“, изјави Раб за Sky News.

Тој изјави и дека оние кои не можат да работат од дома, од среда ќе можат да се вратат на работа и додаде дека оваа скромна промена на мерките се однесува на градежниците и оние кои работат во производство.

Раб најави дека целосниот список на оние кои треба да се вратат на работа ќе биде објавен денес, кога британската влада ќе објави и стратегија на 50 страници.

Во втората фаза од планот на владата, која ќе започне најрано на 1 јуни, некои продавници би можеле повторно да се отворат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП