26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаков ефект имаат маските против коронавирусот? (видео)

Каков ефект имаат маските против коронавирусот? (видео)

Германски физичари направија видео за да покажат каков е ефектот од носењето заштитни маски во време на пандемија на коронавирусот.

Борбата против коронавирусот е глобална. Но, упатствата за тоа дали треба да носите маска за лице како дел од таа борба сосема се разликуваат од држава во држава.

Еве за што речиси секој експерт се согласува – ако имате Ковид-19 и ја напуштите куќата, треба да носите маска. Маските помагаат да спречат болните луѓе да шират бактерии.

Поголемиот дел од неизвесноста за употребата на маска е поврзано со едно прашање: дали здравите луѓе исто така треба да носат маски за да се заштита од инфекција.

Вистината е дека ниту една маска не може да гарантира дека нема да се разболите.

Експертите велат дека една од најопасните претпоставки за маските за лице е дека тие ве прават непобедливи.

Маските треба да се користат правилно за да понудат заштита и тие се најефикасни доколку се користат заедно со други превентивни мерки, како миење на рацете и социјално растојание.

Една од најопасните карактеристики на Ковид-19 е следната – поради долгиот период на инкубација на болеста и големиот број заразени луѓе, кои не чувствуваат симптоми, речиси е невозможно да бидете потполно сигурни дека го немате вирусот.

И тоа значи дека најбезбедно е на крајот сите да се однесуваат како болна личност, со други зборови – да се носи маска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП