18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардите се топат: Саудиска Арабија воведува жестоки мерки на штедење

Милијардите се топат: Саудиска Арабија воведува жестоки мерки на штедење

Саудиска Арабија има проблеми со парите, па затоа владата објави дека ги намалува државните расходи за 26,6 милијарди долари.

Мерката вклучува прекин на исплата на минимална плата на граѓаните, како и зголемување за три пати на данокот на додадена вредност, што треба да ги зајакне државните финансии кои настрадаа од падот на цените и намалената побарувачка за нафта.

„Минималната плата ќе биде прекината од 1 јуни, а данокот на додадена вредност ќе се зголеми од 5 на 15 проценти од 1 јули“, изјави министерот за финансии на Саудиска Арабија.

Други мерки вклучуваат откажување или суспендирање на некои оперативни и капитални расходи за голем број државни институции и намалување на кредитите кои се планирани за некои владини иницијативи, вклучително и проектот Vision 2030.

Некои експерти предвидуваат дека Саудиска Арабија наскоро може да се соочи со силна финансиска криза: резервите на земјата се празни. Во март паднаа за рекордни 27 милијарди долари.

Во 2014 година, кога цената на нафтата почна да паѓа, резервите на кралството изнесуваа 375 милијарди долари и за три години беа намалени за третина. Државата тоа го искористила за да го поправи буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП