29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова иницијатива: Повисока царина за земјите кои не ги почитуваат стандардите на...

Нова иницијатива: Повисока царина за земјите кои не ги почитуваат стандардите на ЕУ

Франција и Холандија заеднички ја повикаа Европската унија да ја зајакне примената на еколошки и работни стандарди во земјите со кои спроведува трговска размена.

Оваа иницијативата следи откако ЕУ започна преговори со Велика Британија во врска со новиот трговски договор, условен со нејзиното повлекување од блокот, а поради загриженост дека оваа земја би можела да се обиде да ги заобиколи еколошките и работните стандарди на ЕУ за да ја зголеми својата конкурентност.

Во заедничкиот предлог испратен до други земји од ЕУ, а кој е даден на увид на Reuters, министрите за трговија на Франција и Холандија побарале од Европската комисија да ја зголеми царината за оние трговски партнери кои не ги исполнуваат своите обврски во врска со одржлив развој, како и да ги намалат царините за оние за кои тоа не е случај.

Овој документ ја повикува Европската комисија почесто да ги известува членките на ЕУ за влијанието на трговските договори врз домашните индустрии и пазарот на труд.

Европската комисија допрва би требало да даде официјален одговор на овој предлог. Никој од оваа институција сè уште не е достапен за коментар на оваа иницијатива, пренесува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП