29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро субвенции за велосипеди и електрични тротинети за скопјани

Наскоро субвенции за велосипеди и електрични тротинети за скопјани

Градот Скопје наскоро ќе објави повик за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Новитет оваа година, како што соопшти Град Скопје, е што граѓаните можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 1 јануари годинава. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од три илјади денари по лице, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од седум илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Согласно предвидените финансиски средства, Град Скопје оваа година ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

Повикот ќе биде отворен до 30 ноември 2020 година или до реализирање на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден прв услужен“.

– Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени десет милиони денари од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети, информираат од Градот.

Оттаму посочуваат дека за 2018 и 2019 година, Град Скопје додели вкупно 7.255 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 313 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП