8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобри резултати испорачаа фармацевтскиот и софтверскиот сектор

Најдобри резултати испорачаа фармацевтскиот и софтверскиот сектор

Во САД се ближи крајот на извештајната кварталната сезона.

Повеќе од 400 компании во американскиот индекс S&P 500 веќе ги објавија резултатите, а забележан е речиси 1 проценти раст на приходите и пад на добивката од 7 проценти.

Софтверскиот и фармацевтскиот сектор во првиот квартал од оваа година го покажаа најдоброто во однос на профитабилноста и приходите. Американскиот фармацевтски сектор забележал 16,5 проценти раст на добивката и 10,5 проценти раст на приходите во првиот квартал, додека софтверскиот сектор забележал раст на приходите од 17 проценти и раст на приходите од 12 проценти.

Сето ова позитивно влијаеше и на движењето на пазарите на капитал. Индексите во Азија, Европа и САД во првата недела од мај забележаа солиден раст.

Откако во март светските берзи поради избувнувањето на коронакризата нагло паднаа, во април надокнадија дел од загубите благодарение на огромниот фискален и монетарен стимул од властите. Во фокус на инвеститорите во последните неколку дена беше постепеното олеснување на рестрикциите во многу земји, што би требало да ја заживее економската активност, додека стимулативните фискални и монетарни мерки треба да го поддржат закрепнувањето на економиите во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП