5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХаосот од улиците го пренесоа на интернет: Ја срушија страницата за купување...

Хаосот од улиците го пренесоа на интернет: Ја срушија страницата за купување алкохол (видео)

Делхи покрена веб-страница за да се избегне собирање на луѓе во редици за да купат алкохол, односно да ги исполни мерките за социјално дистанцирање воведено поради епидемијата на коронавирусот.

Пред продавниците за алкохол во главниот град на Индија се формираат долги редици откако повторно се отворија, а локалните власти имаат големи проблеми со жителите кои често не ги почитуваат споменатите мерки.

Во некои места, им се советува на жителите со себе да носат чадори, за физички да не биде можно да се застане премногу блиску, а Делхи отвори веб страница за онлајн продажба на алкохол преку која добиваат токен, односно датум на кој ќе можат да дојдат во продавницата.

„Секој може да се пријави за е-токен, потребно е да го внесете името и бројот на телефон, по што ќе биде испратен е-купон. На тој начин, лицето ќе може да купи алкохол во околните продавници“, соопштија надлежните.

Меѓутоа, откако беше лансирана, веб страницата наскоро се сруши како резултат на преголема посетеност, па во моментов се работи на воспоставување на функцијата. Оние кои нема да купат токен, ќе застанат во посебни редови пред продавниците.

Владата во обид да ја намали побарувачката, ја зголеми цената на алкохолот за 70 проценти, но ефектот е мал, пишува Russia Today.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП