8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК обезбеди тунел за дезинфекција за Институт за белодробни заболувања кај децата

ССК обезбеди тунел за дезинфекција за Институт за белодробни заболувања кај децата

Сојузот на стопански комори на Македонија поттикнува општествена одговорност со помош и подобрување на условите за заштита на здравјето првенствено на децата и ранливите категории. ССК од почетокот на здравствената пандемија покрена сеопфатна кампања за превенција и заштита од Ковид 19.

Денес, Институт по белодробни заболувања кај децата Козле, добива тунел за дезинфекција и дополнителни средства за заштита. Поставувањето тунел за дезинфекција пред влезот во болницата значително ќе ја намали можноста за внесување на вирусот во болницата, што е особено важно бидејќи се работи за деца со респираторни проблеми и белодробни заболувања и нивната заштита од вирусот е од исклучително значење. Тунелот производ на Трефоил инженеринг со поддршка на АГ-П, има резервоар од 1.000 литри, млазниците на пумпата создаваат аеросоли и до 600 лица може да се дезинфицираат за еден час. Уредот е планиран за децата кои се примарни пациенти, здравствените работници и сите други посетители и е целосно безбеден.

Соузот на стопански комори на Македонија, од почетокот на пандемијата ја истакнува важноста од мобилизација и солидарност која во услови на здравствено-економска криза,  борба за човечки животи и спас на економијата е од непроценливо значење. Во овие тешки времиња, сите иницијативи за ставање во функција на расположливите ресурси со цел заштита од Ковид 19, се екстремно важни. Продолжуваме и активно ќе помагаме, да се пребродат состојбите, но и да се зачува здравјето на ранливите категории, децата и идните генерации“, изјави Драган Митковски, потпретседател на Сојузот и додаде дека иницијативите ќе продолжат, со приоритет на донации на храна, опрема за медицинска заштита и итна помош особено за најранливите категории.

Во тунелот за дезинфекција има прскалки, кои се активираат со притискање на копче пред да влезат, а потоа се создава облак за дезинфекција низ кој лицето кое влегува во болницата поминува.

Ова претставува највисоко ниво на епидемиолошка заштита. Тунелот е од големо значење за дезинфекција затоа што обезбедуваме заштита на децата и на вработените во Институтот за белодробни заболувања Козле, од потенцијални носители на вирусот од лицата кои доаѓаат во посета” соoпшти директорот на Институтот д-р. Ангелчо Андоновски, кој истакна благодарност и потенцира дека со оваа помош за јавно здравствената установа ќе се овозможи да се зголеми степенот на заштита не само за децата, туку и за родителите и медицинскиот персонал.

Во изминатиот период, Сојузот, на стопански комори организира кампањи и акции за обезбедување опрема за ранливите категории. Комората на сметководители и нејзините членови се ставија на располагање на државните институции за про боно помош особено за анализа на флуктуациите во економијата и изготвување на акциски план, но и организираа акција за обезбедување опрема за заштита за медицинскиот персонал. Туристичко угостителската комора и нејзините членови обезбедуваа храна и оброци за лицата кои припаѓаат на ранливи категории, како и припадниците на органите на државната управа и медицинскиот персонал кои се изложени на најголем ризик, а дел од хотелите ги отстапија своите капацитети за организирање на државен карантин. Сојузот изготви и објави пред два месеци Водич за приватен сектор за справување со Ковид -19, во кој на едно место може да се најдат сите процедури, насоки и прописи за намалување на ризикот од ширење на болеста како и мерките за кои може да се аплицира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП