24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската туристичка економија ќе доживее пад помеѓу 60 и 80 проценти

Светската туристичка економија ќе доживее пад помеѓу 60 и 80 проценти

Поради последиците на пандемијата од коронавирусот, светскиот туризам оваа година би можел  да забележи пад помеѓу 60 и 80 проценти, се наведува во најновата анализа на Светската туристичка организација, агенција на Обединетите нации (UNWTO).

Податоците од првото тримесечје од оваа година покажуваат дека бројот на туристички пристигнувања се намалил за 67 милиони, односно за 22 проценти.

Само во март, бројот на туристички пристигнувања е намален за 57 проценти, во време кога многу земји веќе воведоа ограничувања за патувања, и други мерки за борба против пандемијата од коронавирус.

Финансиската загуба на глобалниот туризам во првите три месеци од оваа година, според проценките на UNWTO, била околу 80 милијарди долари.

Колкава ќе биде загубата на глобалниот туризам оваа година, зависи и од моментот кога ќе бидат укинати ограничувањата за патувања и кога туристичката економија би можела да започне да се опоравува.

Проценките на UNWTO се движат од глобален пад од 58 проценти, доколку забраните за патувања бидат укинати на почетокот на јули, падот би бил околу 70 проценти ако се укинат ограничувањата во септември, а 78 проценти ако ограничувањата за патување потрајат до крајот на годината.

Се проценува дека глобалниот туризам оваа година би можел да изгуби помеѓу 850 милиони и 1,1 милијарди туристички посети, додека помеѓу 100 и 120 милиони работни места во туризмот би биле директно загрозени, се наведува во анализата на UNWTO.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП