15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапалени 77 телефонски кули поради 5G теоријата на заговор

Запалени 77 телефонски кули поради 5G теоријата на заговор

Теоријата на заговор која неоправдано ја поврзува 5G технологијата со коронавирусот, доведе до серија подметнати пожари на телефонските кули во Велика Британија, објави Business Insider.

Оваа теорија започна да се развива кон крајот на март, почетокот на април, што се совпаѓа со растечкиот број случаи во земјата. На 15 април, Mobile UK, организација која ги претставува четирите мобилни оператори во Велика Британија, изјави за Business Insider дека биле нападнати околу педесет телефонски кули низ целата земја – од кои повеќето всушност не ја поддржуваат 5G мрежата.

Mobile UK во средата, 5 мај, изјави дека тој број се искачил на седумдесет и седум, но и дека стапката на напади за среќа е забавена.

„Дневните напади сега се многу мали, но не престанаа целосно“, изјави портпаролот.

Сепак, се чини дека теоретичарите на заговор против 5G не напаѓаат само кули и јарболи. Филип Џенсен, директор на британската телекомуникациска компанија BT, изјави дека еден инженер бил физички нападнат додека ја одржувал мрежната инфраструктура.

Теориите на заговор околу 5G се проширија и на социјалните медиуми, со помош на Facebook, YouTube и Twitter. Оваа теорија тврди дека 5G го забрзува ширењето на вирусот со намалување на имунолошкиот систем на организмот и дека самиот коронавирус е фикција дизајнирана да ја прикрие штетата предизвикана од 5G. Двете овие тврдења се лажни и не се засноваат на научни докази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП