9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏорџ Сорос предложи решение за корона кризата

Џорџ Сорос предложи решение за корона кризата

Познатиот милијардер и филантроп, Џорџ Сорос предложи, во текст за хрватски Poslovni.hr дека издавањето на трајни обврзници е единствениот начин ЕУ да собере најмалку илјада милијарди евра за борба против коронавирусот.

Тој истакнува дека трајните обврзници не се блиски до европската јавност и нејзиното раководство, но тие имаат долга историја.

Британија прва издала консолидирани обврзници или конзоли во 1752 година, а подоцна ги користела за финансирање на војната против Наполеон и Кримската војна, Законот за укинување на ропството, заемот за ублажување на сиромаштијата во Ирска и Првата светска војна.

Конгресот на Соединетите Американски Држави одобрил издавање на такви обврзници во 1870 година за консолидирање на долговите акумулирани за време на Граѓанската војна, потсетува тој.

Главнината на трајната обврзница никогаш не мора да се исплати, се плаќа само годишната камата, изјавил Сорос. Издавањето на трилион евра со 0,5 проценти камата за одржување ќе чини 5 милијарди евра годишно.

Милијардерот посочува дека вечните обврзници не треба да се мешаат со коронаобврзниците.

“Коронаобврзниците разделуваат: тие го зголемуваат веќе постоечкиот јаз помеѓу Северот и Југот, а создаваат и разлика помеѓу Истокот и Западот, новите членки и оние старите. За разлика од тоа, вечните обврзници поврзуваат. Тие им обезбедуваат на ЕУ и на сите нејзини членки финансиски средства кои се далеку поголеми од оние кои може да ги понуди европскиот буџет”, напиша тој.

Коронавирусот и климатските промени се закануваат не само на животите на луѓето, туку и на опстанокот на нашата цивилизација, предупредува милијардерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП