21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнаа преговорите: Британија и САД работат со забрзано темпо

Започнаа преговорите: Британија и САД работат со забрзано темпо

По одложувањата поради пандемијата од коронавирусот, британските и американските преговарачи ги отворија преговорите за трговски договор.

Британската влада се надева дека договорот ќе донесе економски и дипломатски поттик за земјата по Брегзит.

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Труш и американскиот претставник за трговија, Роберт Лајтизер, вчера ја започнаа двонеделната рунда разговори, пренесува AP.

Двете страни, од кои секоја има околу 100 службеници вклучени во преговорите, истакнаа дека трансатлантскиот договор за слободна трговија ќе „придонесе за долгорочно здравје на нивните економии, што е од витално значење бидејќи се опоравуваат од предизвиците кои ги предизвикува COVID-19“.

Велика Британија ја напушти Европската унија на 31 јануари по скоро половина век членство и сега мора да воспостави нов трговски однос со блокот во кој има 27 земји и со други држави во светот, потсетува AP.

Велика Британија и САД ветија дека ќе работат со “забрзано темпо” на постигнување договор.

Британската влада придава големо симболично и политичко значење на договорот за слободна трговија со САД, иако економската корист ќе биде релативно скромна, додава американската агенција.

Во март беше речено дека укинувањето на царините на трансатлантската трговија ќе ја засили економијата на Обединетото Кралство за само 0,16 проценти во текот на наредните 15 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП