5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција планира отварање на кафулињата за 1-ви јуни

Грција планира отварање на кафулињата за 1-ви јуни

Рестораните и кафулињата ширум Грција би можеле да се отворат на 1 јуни ако стапката на инфекција од коронавирус остане ниска, изјави премиерот Кириакос Мицотакис во вторникот за време на видео конференцијата во кабинетот, за чекорите за укинување на мерките преземени за сузбивање на вирусот.

„Ако продолжиме да правиме како што тоа го правевме во изминатиот месец во поглед на пандемијата, отворање на рестораните на 1-ви јуни е нешто апсолутно остварливо“, изјави тој.

Извори на владата наведуваат дека главната тема за која се разговарало за време на состанокот е како да се зачуваат работните места и прометот на претпријатијата пред нивното повторно отворање, почитувајќи ги правилата која ги постави Комисијата за здравство.

Во тој контекст, разговарале за тоа како да се зголеми слободниот простор за рестораните без ограничување на просторот за пешаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП