25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССНМ: Онлајн заканите кон новинари стануваат сѐ почести, институциите да реагираат

ССНМ: Онлајн заканите кон новинари стануваат сѐ почести, институциите да реагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги осудува онлајн нападите и заканите на социјалните мрежи врз новинарот од ТВ24, Мишко Иванов, кои тој ги добил по завршувањето на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Од самостојниот синдикат велат дека се зачестени нападите и врз други новинари и новинарки.

По тој повод ССНМ апелира до сите новинари и медиумски работници сите овие напади, закани, онлајн малтретирања и слично да ги пријавуваат до органите на прогонот и соодветните институции.

„Сепак, со жалење констатираме дека МВР овие закани не ги сфаќа сериозно и по нив не постапува според своите законски овластувања. Институциите треба постојано да реагираат и да ги санкционираат ваквите појави бидејќи решавањето на случајот со нападите врз две новинарки од страна на Емил Јакимовски не смее да остане единствен“, се наведува во соопштението.

ССНМ ги повикува сите новинари и медиумски работници да ги пријавуваат заканите и нападите во Синдикатот, преку пораки на фејсбук-страницата или на електронската пошта [email protected].

„ССНМ ќе го документира секој случај и ќе преземе соодветни мерки, инсистирајќи до соодветните институции да ги преземат мерките што им стојат на располагање и истовремено информирајќи ги меѓународните институции за состојбата со нападите врз новинарите“, велат од самостојниот синдикат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП