30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп повикува на отварање на економијата, и по цена на влошување на...

Трамп повикува на отварање на економијата, и по цена на влошување на ситуацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на отворање на економијата, иако тоа би можело дополнително да го влоши ширењето на коронавирусот во Соединетите држави.

„Не велам дека сè е совршено. Дали некој ќе биде тешко погоден? Да. Но, мораме да ја отвориме земјата и тоа брзо“, изјави американскиот претседател при посета на фабриката Honeywell која произведува заштитни маски во Финикс, Аризона.

Пред тоа, во изјава за ABC News беше уште појасен. На прашањето дали мисли дека ќе има загубени животи поради повторно отворање на економијата, одговори дека “можно е тоа да се случи, затоа што веќе нема да бидеме затворени во домовите“.

Иако Соединетите држави до јуни би можеле да достигнат 100.000 смртни случаи од коронавирус, Белата куќа веќе неколку дена испраќа порака за ублажување на мерките.

Доказ за тоа е и изјавата на потпретседателот Мајк Пенс, кој изјави дека работната група во Белата куќа за решавање на кризата предизвикана од COVID-19, која тој ја води, наскоро би можеле да биде распуштена.

Утврдувајќи дека Американците се “воини”, Трамп изјави дека се подготвени за “нова фаза на битката”, а портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенан објасни дека лекарите ќе останат вклучени во процесот на донесување одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП