18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците открија постоење на микроб кој во целост спречува зараза

Научниците открија постоење на микроб кој во целост спречува зараза

Во тоа, како што тврдат тие, лежи огромниот потенцијал за спречување на ширењето на маларија.

Маларијата се шири со убод од заразен комарец, па доколку тие инсекти биле заштитени од неа, би биле безбедни и луѓето.

Микробот микросподниа(MB) живее во дигестивниот тракт и во гениталиите на комарците, а британско-кениски тим на научници го откриле со проучување на тие инсекти на бреговите на езерото Викторија, во Кенија.

BBC наведува дека научниците не пронашле ниеден маларичен комарец кој во организмот го имал тој микроб, а неговиот заштитен ефект врз комарците потоа е потврден и во лабораториски тестови.

Видот кој припаѓа на овој микроб во најголем дел го сочинуваат паразити од суштински габичен тип, а тој не убива комарци, благодарение на тоа, што за разлика од примената на други габи, неговата употреба со цел сузбивање на маларијата не би ги погодила екосистемите кои се хранат со комарци.

Меѓутоа, според BBC, за значително влијание во борбата против маларијата потребно е најмалку 40 проценти од комарците во одредени пордачја да бидат заразени со овој микроб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП