20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина деветти пат пред банкрот

Аргентина деветти пат пред банкрот

Аргентинскиот министер за економија, Мартин Гусман, и предложи на владата да размисли да објави дека Аргентина деветти пат банкротираше, објави Financial Times.

Тоа би било трет пат Аргентина да банкротира за последните 20 години.

Според зборовите на Гусман, банкротот би можел да се прогласи доколку доверителите не се согласат да ги ублажат условите за исплата на аргентинскиот долг.

Кон средината на април, владата на Арегнтина им предложи на приватните доверители план за реструктуирање на долгот на земјата од 65 милијарди долари. Планот предвидува тригодишен мораториум на исплата, продолжување на роковите за отплата на долговите до 2030 година, отпишување 62 проценти од каматата (37 милијарди долари) и 5,4 проценти (3,6 милијарди долари) на главницата на долгот.

Рокот до кога двете страни треба да се договорат за отплата на долговите истекува на 8 мај, додека рокот на следната исплата на камата истекува на 22 мај.

Претходно беше соопштено дека главните кредитори веќе го отфрлија планот за реструктуирање на долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП