17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсум нови случаи со Ковид 19, оздравен 21 пациент, еден починат

Осум нови случаи со Ковид 19, оздравен 21 пациент, еден починат

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент и тоа во Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години, која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1 и Велес-4.

Согласно ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 515, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип- 34, Прилеп –159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 81, Битола – 19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево- 2, Делчево- 1, Валандово – 1, Виница – 2 и Кратово -1.

Направени се 185 теста и тоа преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен факултет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Клиника „Жан Митрев“ –27, Систина со PCR метода – 17 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 14. На респираторна машина се тројца пациенти, а уште четири се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на Ковид-19, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП