25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаучниците ги пресметале изгубените години на починатите од COVID-19

Научниците ги пресметале изгубените години на починатите од COVID-19

Лицата над 80 години кои умреле од заразата на вирусот COVID-19, а немале други хронични болести, можеле да проживеат во просек уште десет години да не биле заразени, покажало истражувањето на група истражувачи од шкотскиот универзитети.

Група истражувачи од шкотскиот универзитет објавиле научен текст под името „COVID-19 – истражување на импликации на хронични болести и обем на мултиморбидност на изгубени години“.

Како бројот на години во примерокот опаѓа, така бројот на изгубени години расте. Меѓутоа, како бројот на хронични заболувања кај поединци се зголемува, така и бројот на изгубени години се намалува. На пример, лицата постари од 80 години кои имале три хронични болести, можеле да живеат уште седум години (жените шест). Луѓе кои имале пет хронични болести, уште 3,5 години, итн.

Најголем број од починатите (50,7 проценти) имале три или повеќе хронични болести, додека помалку од 2,1 проценти немале ниту една. Починатите најчесто страдале од хипертензија (71 проценти), корорнарна болест (27,8 проценти), нарушувања на срцевиот ритам (23,7 проценти), срцеви мани (17,1 проценти), мозочен удар (11,3 проценти), дијабетес ( 31,3 проценти), деменција (14,5 проценти), опструктивни болести на белите дробови (16,7 проценти), карцином (17,3 проценти), хронични болести на бубрезите (22,2 проценти) итн.

Истражувањето е правено на неколку примероци со различни големини. Просечната возраст на починатите изнесува 77,4 години, кога од примероците се исклучуваат помлади од 50 години.

Податоците за починатите се добиени од италијанските и шкотските болници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП