25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle и Apple: Корона апликацијата нема да чува GPS податоци

Google и Apple: Корона апликацијата нема да чува GPS податоци

Компаниите Apple и Google најавија дека ќе забранат употреба на функцијата за следење на локации во апликациите на чиј развој работат за да го успорат ширењето на коронавирусот.

Apple и Google, чии оперативни системи имаат 99 проценти паметни телефони, објавија минатиот месец дека ќе работат заедно на создавање систем за известување на луѓето кои биле во близина на други лица кои се позитивни на тестовите на COVID-19.

Двете компании објавија дека примарната цел е приватноста и спречување на владите да користат систем за собирање податоци за граѓаните, пренесува Guardian.

Системот користи блутут сигнали од телефони за откривање на средби и не користи или чува GPS податоци.

Меѓутоа, британскиот весник потсетува дека програмерите на овие апликации од неколку американски држави минатиот месец за Reuters изјавиле дека е од суштинско значење да им се дозволи да користат податоци за GPS локации во комбинација со новиот систем за пребарување контакти, за да следат како се развива епидемијата и да идентификуваат зарази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП