13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот туризам до јуни ќе изгуби околу 11 милијарди евра

Германскиот туризам до јуни ќе изгуби околу 11 милијарди евра

Туристичкиот сектор во Германија проценува дека до средината на јуни ќе изгуби до 10,8 милијарди евра приход, кога истекува забраната за патувања донесена поради спречување на заразата од коронавирус.

Претседателот на германското патничко здружение, Норберт Фибих, соопшти дека туристичките агенции и оператори се “скоро целосно затворени”. Тој изјави дека покрај изгубените приходи, оптеретување за германскиот туристички сектор претставуваат и трошоците за надокнада за откажани патувања.

Фибих соопшти дека две третини од туристичките агенции се наоѓаат пред банкрот и побарале итна програма за безповратна помош од државата.

„Политичарите повеќе не можат со скрстени раце да гледаат како туристички агенции и оператори остануваат без приходи“, изјави Фибих.

Комесарот на германската влада за туризам, Томас Барајс, минатата недела ја посочи можноста за основање фонд за помош на туризмот, доколку Германија не успее од Европската комисија да издејствува ублажување на прописите за исплата на надомест за откажување на патувања. Наместо тоа, Германија се залагала за тоа на компаниите да им овозможи издавање ваучери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП