Саудиска Арабија веќе се очекуваше да претрпи голема штета поради падот на цената на нафтата, на која и самата беше кума. И навистина, оваа земја го доживува најголемиот пад на економијата во последните две децении.
Според официјалните прогнози, нејзиниот БДП годинава ќе падне за 3,2 проценти. Лошата ситуација дополнително ја потврдува и агенцијата Moody’s, која и го намали кредитниот рејтинг од стабилен на негативен.
Затоа, саудискиот министер за финансии веќе најави големо намалување на буџетското трошење.
Медиумите шпекулираат дека жртвите на новата политика на штедење би можеле да бидат скапоцените проекти во разните индустрии, од туризам до инфраструктура, кои се дел од амбициозната “Визија 2030 година” на новиот крал.
Нивната цел беше всушност диверзификација на економијата на оваа земја, за да не зависи само од нафтата. Сепак, се чини дека токму нафтата пресуди.