4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа ќе ги изненади песимистите

Европа ќе ги изненади песимистите

Падот на економијата во еврозоната ќе биде помал од многу повеќе песимистички проекции, но закрепнувањето би можело да биде бавно и постепено, покажало истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Економијата на еврозоната би требало да се намали за 5,5 проценти во 2020 година, а потоа да порасне за 4,3 проценти во 2021 година, со очекуваното попуштање на рестрикциите во мај и јуни, покажлаа тримесечната анкета која ЕЦБ ја спроведе меѓу економистите.

Профилот на проекциите на вкупното ниво на бруто домашниот производ (БДП) веројатно би можел да се опише како “проверка”, одразувајќи нагло опаѓање на активноста на крајот на првиот и почетокот на вториот квартал и постепено и долготрајно враќање на нивото пред кризата, проценуваат економистите.

„Повеќето учесници во анкетата, исто така, посочија дека нормализацијата на состојбата веројатно ќе започне во фази и дека не би требало да се очекува пред третиот квартал“, заклучок на анкетата.

Истражувањето на ЕЦБ е спроведено од 31 март до 7 април.

Според таа анкета, инфлацијата во еврозоната оваа година би требало во просек да изнесува 0,4 проценти, со што проекцијата од пред три месеци е намалена за 0,8 процентни поени. Малку е намалена проекцијата на инфлацијата за следната година на 1,2 проценти, од претходно предвидените 1,4 проценти.

Потврдени се долгорочните проекции за двата индикатори, кои се однесуваат на периодот до 2024 година, со проценет раст на БДП од 1,4 проценти и инфлација од 1,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП