3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанскиот БДП во првиот квартал падна за 5,2 проценти

Шпанскиот БДП во првиот квартал падна за 5,2 проценти

Банката на Шпанија проценува дека во оваа година БДП на земјата ќе се намали помеѓу 6,6 и 13,6 проценти, поради кризата предизвикана од COVID-19. Веќе од сега падот на бруто домашниот производ бил алармантен.

Имено, тој само во првиот квартал паднал за 5,2 проценти. Толкав пад претходно е забележан по Шпанската граѓанска војна. Значи, пред повеќе од 80 години.

Дури и за време на финансиската криза од 2008 година која ја уништи Шпанија, нејзиниот најголем пад на БДП беше 2,6 проценти.

Но, шпанската централна банка очекува дека оваа година би можела да биде уште полоша. Институтот за статистика објави дека потрошувачката на домаќинствата во изминатиот период паднала за 8,4 проценти, а во секторот трговија и транспорт дури за 10,9 проценти. Вработувањето од јануари до крајот на март најмногу паднало од крајот на рецесијата – 285.600 луѓе ја изгубиле работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП