24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолговите на државите пораснаа за дополнителни два трилиони долари

Долговите на државите пораснаа за дополнителни два трилиони долари

Долговите на државите на глобално ниво во март пораснале за 2,1 трилион долари. Причината за тоа, е секако пандемијата, која ги принуди владите ширум светот да се задолжат за да ги спасат економиите.

Според извештајот на Институтот за глобални финансии, ова е продолжение на забрзаното задолжување од 2019 година кога глобалниот долг пораснал за 10 трилиони долари, на 255 трилиони долари. Веќе тогаш, државните долгови беа поголеми отколку пред избувнување на кризата во 2008 година.

Меѓутоа, оваа година изгледа ќе биде уште полоша во тој поглед. Само во март владите и централните банки на најголемите економии им обезбедија големи фискални и монетарни стимулации, како и други економски мерки на помош. Во 2020 година, владите се чини дека позајмуваат двојно повеќе од претходната година. Со оглед на оваа бројка и предвидувањата дека глобалниот БДП може да падне за три проценти, државниот долг би можел да се искачи на 342 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП