29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемo откритие што влева надеж: Создадени органски антитела кои ја блокираат инфекцијата...

Големo откритие што влева надеж: Создадени органски антитела кои ја блокираат инфекцијата на коронавирус

Истражувачите од Универзитетот Утрехт во Ротердам открија дека пронашле органски моноклонски антитела кои ја блокираат инфекцијата на човечки клетки со коронавирусот САРС-КоВ-2, кој потоа предизвикува Ковид-19.

Иако останува да се истражи понатаму дали овие антитела имаат сличен ефект не само врз клеточните структури туку и врз човечкото тело, откритието дефинитивно дава надеж.

Д-р Берент-Жан Бос и д-р Френк Гросвелд, автори на студијата објавена во списанието „Нејчер“, се оптимисти затоа што веруваат дека со развојот на органски антитела може засекогаш да се спречи коронавирусот и тоа пред да се измисли вакцината.

Антителото, за кое е утврдено дека спречува коронавирусот да влегува во клетките, се врзува за областа на крвотокот за кој се врзуваат и САРС-КоВ и САРС-КоВ-2. Засега e докажано дека органското антитело има моќ да ги неутрализира и двата вируса, и не е исклучено дека таа можност ќе ја има и кај идни коронавируси.

„Откритието дава силна основа за понатамошно истражување на ова антитело за да можеме да го започнеме неговиот развој како можен лек за Ковид-19“, истакнува д-р Гросвелд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП