23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонг Конг во првиот квартал забележа рекорден економски пад

Хонг Конг во првиот квартал забележа рекорден економски пад

Економскиот пад на Хонг Конг во првите три месеци од оваа година изнесувал дури 8,9 проценти, што е повеќе и од досега највеќе забележаниот 8,3 процентен пад на БДП од 1998 година, кој беше последица на азиската финансиска криза.

Заводот за попис и статистика на Хонг Конг во понеделникот открил податок дека хонгконгшкиот бруто домашен производ се намалил трет квартал по ред, но овој пат за рекордни 8,9 проценти на годишно ниво, како последица на коронавирусот. Во однос на претходниот квартал, БДП е намален за 5,3 проценти, што е исто така најголем забележан пад од 1974 година кога започнале со детално бележење на економските податоци.

Финансискиот секретар, Пол Чан Мо-по минатата недела предупредил дека Хонг Конг брза кон најголемата рецесија во својата историја, а годишниот пад на БДП ќе биде помеѓу 4 и 7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП