20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Франција нема да има карантин за пристигнувања од ЕУ

Во Франција нема да има карантин за пристигнувања од ЕУ

Франција нема да воведе карантин “за оние, без оглед на државјанството, кои доаѓаат од ЕУ, Шенген-зоната и Обединетото Кралство“, соопшти канцеларијата на францускиот претседател во неделата.

Во саботата, министерот за здравство Оливиер Веран изјави дека мерката за карантин, предвидена во нацрт законот за продолжување на вонредната здравствена состојба, ќе се однесува на “секој кој влегува во државната територија или доаѓа на прекуокеанска територија”.

За други случаи, како Французите и Европејците кои доаѓаат од други подрачја освен од ЕУ, Шенген-зоната и Обединетото Кралство, министерството за надворешни работи “овие денови” ќе одреди начин на постапување, додаваат од канцеларијата.

Француската влада во саботата одлучи продолжување за двата месеци до 24 јули на вонредната здравствена состојба воведена поради COVID-19 и донекаде да го разјасни принципот на попуштање на рестрикциите предвидени од 11 мај, особено во однос на следењето на пациентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП