3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција поставени првите лежалки со заштитен плексиглас

Во Грција поставени првите лежалки со заштитен плексиглас

На грчкиот остров Санторини се поставени првите лежалки со заштитен плексиглас од двете страни за да се обезбеди подобра заштита за време на пандемијата на коронавирус.

Покрај тоа, корисниците ќе имаат на располагање пешкири за еднократна употреба и средства за дезинфекција, како дел од нивната кабина од плексиглас.

Лежалките ги постави познатиот Чарли Чашин, сопственик на монденскиот хотел „Suites of Gods“ во Санторини, кој прв почна со поставување лежалки заштитени со плексиглас на плажата Периса.

„Видовме дека прават нешто слично во странство и затоа дојдовме до идеја тоа да го поставиме на Санторини, со цел нашите гости да се чувствуваат безбедно и сигурно додека престојуваат на плажа“, рече тој во интервјуто за „Прото тема“.

Чарли истакна дека лежалките ќе бидат поставени на растојание од 4 метри, а плексигласот треба да ги покрие само левата и десната страна.

Исто така, гостите во хотелот кои користат лежалки ќе имаат на располагање средства за дезинфекција и пешкири за еднократна употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП