4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ги ублажува некои мерки, некои работници почнуваат да работат

Индија ги ублажува некои мерки, некои работници почнуваат да работат

Чистачите, готвачите, водоводџиите и електричарите во Индија денес се враќаат на работа, бидејќи во таа земја почнува попуштање на одредени мерки.

Од денес, приватните фирми можат да работат со 33 проценти од персоналот во канцелариите и самостојните продавници, оние кои не се на пазарите или трговските центри, пренесува BBC.

Сепак, мерките нема да бидат ублажени во сите држави, а јавниот превоз сè уште нема да работи, па многумина нема да можат да излезат.

Додека федералната влада издава упатства, одделни држави може да одбијат релаксирање на мерките, во зависност од ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП