18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ до 100 во минута: Во Словенија е развиен уред за дезинфекција...

И до 100 во минута: Во Словенија е развиен уред за дезинфекција на банкноти

Еден тричлен тим од Гросупље, во Словенија, разви уред наменет за дезинфекција на банкноти со користење на ултравиолетови зраци.

За него се тврди дека е единствениот во светот кој е во состојба да дезинфицира и до стотина банкноти во минута.

„Нашите животи полека се враќаат во нормала, но по оваа пандемија (коронавирус) ќе мора да бидеме повнимателни“, вели членот на тимот, Жан Брезец.

Тој истакна дека отежнувачка околност во развојот на уредот е фактот дека сè е работено за време на мерките на карантин поради COVID-19.

Според агенцијата STA, за овој уред веќе се заинтересирани неколку словенечки банки, и едната од нив во текот на наредните денови ќе започне да го тестира, а тимот истакнува дека на светскиот пазар во моментов има само три слични уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП