25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска Македонска берза започнува со редовното време на тргување

Од денеска Македонска берза започнува со редовното време на тргување

Македонска берза преку соопштение на својот сајт објави дека го враќа редовното време на тргување до 14:00 часот.

“Согласно барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради зголемување на работно време во банките/брокерските куќи, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за враќање на редовното време на тргување на Берзата, согласно која, почнувајќи од 04.05.2020 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот. Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП