
Шведската активстка Грета Тунберг (17) започнува кампања со данска фондација со цел поддршка на UNICEF во борбата против коронавирусот.


Шведската активстка Грета Тунберг (17) започнува кампања со данска фондација со цел поддршка на UNICEF во борбата против коронавирусот.
Тунберг изјави дека „пандемијата од коронавирус, како и климатските промени влијае на правата на детето“, и оцени дека пандемијата ќе влијае на младите луѓе на долг рок, особено на најзагрозените.
Таа ги повика луѓето од цел свет „да застанат покрај неа и да се приклучат на кампањата за да бидат поддршка на UNICEF во основната задача за спасување на животите на децата, заштита на нивното здравје и продолжување на образованието“, изјави младата активистка која американскиот Times ја прогласи за личност на 2019 година.
Кампањата започнува со 100.000 американски долари од Грета Тунберг фондацијата и 100.000 од данската фондација за човекови права.
Целта на фондацијата Грета Тунберг досега беше „промовирање на еколошка и социјална одржливост, како и ментално здравје“. Основана е откако шведската тинејџерка минатата година доби награда од Рајт Лајвлихуд фондацијата, која се смета за алтернатива на Нобелова награда.