21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на економијата во ЕУ и еврозоната во првиот квартал најголем во...

Падот на економијата во ЕУ и еврозоната во првиот квартал најголем во последниот четврт век

Економијата на Европската унија и еврозоната во првиот квартал забележа најголем пад на активноста последните 25 години, покажаа во четвртокот прелиминарните проценки на европскиот завод за статистика.

На ниво на Европската унија, економијата се намалила за 3,5 проценти во однос на претходниот квартал кога активностите пораснале за 0,2 проценти, покажуваат проценките базирани на сезонски прилагодени податоци.

Економијата во еврозоната опаднала за 3,8 проценти во однос на претходниот квартал кога пораснала 0,1 проценти.

Во двете подрачја, падот на БДП е најголем од 1995 година, посочува Eurostat, потсетувајќи дека земјите во Европската унија во март почнаа да воведуваат внимателни мерки за да се спречи ширењето на пандемијата од новиот коронавирус.

На годишна основа, сезонскиот прилагоден БДП на Европската унија потонал во првите три месеци од оваа година за 2.7 проценти, најмногу од глобалната финансиска криза во 2009 година. Во последните три месеци од минатата година, пораснал за 1,3 проценти.

БДП во еврозоната потонал во првите три месеци од оваа година за 3,3 проценти во однос на истиот период минатата година, исто така најсилен од третиот квартал во 2009 година. Во последните три месеци од минатата година пораснал еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП