2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО свика вонреден состанок, првпат од почетокот на епидемијата

СЗО свика вонреден состанок, првпат од почетокот на епидемијата

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе ги собере експертите од Комисијата за вонредни состојби за да го проценат развојот на пандемијата три месеци откако беше прогласена глобална здравствена опасност од коронавирусот.

Соочен со критики дека агенцијата на ОН со седиште во Женева реагирала лошо на пандемијата на вирусот SARS-CoV-2, Тедрос Адханом Гебрејсус уште еднаш потсети на сите мерки преземени од СЗО од јануари и најави дека повторно ќе ја свија Комисијата за вонредни состојби за да се процени развојот на пандемијата.

Особено остра критика доаѓа од САД, кои со 400 милиони долари годишно важеа за најголем донатор на СЗО сè додека претседателот Доналд Трамп не го прекина финансирањето на организацијата.

Вашингтон ја обвинува агенцијата на ОН дека предоцна алармирала за вирусот со цел да не ја навреди Кина, а францускиот претседател Емануел Макрон го доведува во прашање постапувањето на кинеските власти по избувнувањето на епидемијата.

Австралија, пак, бара да се започне независна истрага за појавата на пандемијата и напорите на СЗО во поглед со управувањето на кризата.

Ова е прв пат од 31 јануари, по прогласувањето на глобална опасност за ширење на коронавирусот надвор од Кина, Тедрос Гебрејсус повторно да ја свика Комисијата за вонредни состојби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП