20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во еврозоната кредитираат претпријатија повеќе отколку пред кризата

Банките во еврозоната кредитираат претпријатија повеќе отколку пред кризата

Банките во еврозоната забележале поголема побарувачка на кредити за претпријатија и очекуваат натамошно олеснување на кредитните стандарди, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Според истражувањата на ЕЦБ за банкарските заеми, побарувачката на кредити за претпријатија пораснала во првиот квартал и се очекува пораст во вториот квартал, главно поради потребата за ликвидност.

Спротивен тренд е забележан кога станува збор за станбени кредити, и се очекува побарувачката за нив драстично да падне во вториот квартал.

Нето побарувачката за кредити за претпријатија во првиот квартал значително се зголемила во Германија и Франција, во Шпанија паднала, а во Италија останала непроменета.

Резултатите од истражувањето на ЕЦБ покажуваат дека банките во вториот квартал очекуваат значително олеснување на кредитните стандарди за фирмите, веројатно поради мерките за поддршка кои ги донела владата.

Банките очекуваат заострувањето на кредитните стандарди за заеми за домаќинствата да продолжат во вториот квартал.

Општите услови на банките за нови кредити за претпријатијата биле затегнати во текот на првиот квартал, а условите за кредити на домаќинствата биле поблаги во истиот период.

Истражувањето кое квартално го спроведува ЕЦБ било спроведено поради подобро разбирање на однесувањето на банките во еврозоната. Истражувањето е спроведено помеѓу 19 март и 3 април. Во оваа тура се опфатени 144 банки, со излезност од 99 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП