18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно работат трговските центри во Саудиска Арабија

Повторно работат трговските центри во Саудиска Арабија

Саудијците постепено почнаа да се враќаат во трговските центри и пазарите на отворено, откако властите ги ублажија ограничувањата против ширењето на новиот коронавирус.

Обезбедувањето ја мери температурата на клиентите на влезот во трговските центри во централен Ријад, кои редовно се дезинфицираат, пренесува Reuters.

Многумина го поздравија изгледот на нормалност после мерките за самоизолација воведени од крајот на март, особено со почетокот на муслиманскиот светол месец Рамазан.

Во неделата, кралството ги олесни ограничувањата за движење помеѓу 9 и 17 часот, освен во Мека.

Училиштата, рестораните, џамиите и другите јавни места каде физичкото растојание е тешко да се одржи, остануваат затворени, а дружењата на повеќе од пет лица се забранети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП