1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов мексикански суперавтомобил

Нов мексикански суперавтомобил

ron-rxx-1

Мексиканската автомобилска индустрија е позната по тоа што произведува возила и делови за други компании. Меѓутоа таа ситуација полека се менува, а во многу краток временски период од оваа земја ни пристигна не еден, туку два суперавтомобила.

Откако на почетокот на месецот се запознавме со „Vuhl 05“, сега имаме можност да дознаеме повеќе детали за новата линија на спортски автомобили на компанијата „RON Automóviles de México“.

ron-rxx-2

Новата линија ја сочинуваат два модели, „RXX“ кој потсетува на „Ariel Atom“, додека „R7“ е инспириран од британскиот „Lotus 7“.

Што се однесува до „RXX“, тој ќе биде достапен во три различни верзии, „RXX“, „RXX-S“ и „RXX-R“, кои ќе се разликуваат по завршната обработка, количината на опрема и моќта.

ron-rxx-4

Засега нема детални информации, но тоа што е познато е дека „RXX“ ќе биде „roudster“ со мала тежина и со високи перформанси, со две седишта, алуминиумска шасија и ентериер во кој доминираат јаглеродните влакна. Во компанијата најавуваат „ друмски модел кој носи возбуда како болид до Формула 1“.

„R7“ ќе има традиционален изглед, а покрај тоа што е инспириран од „Lotus 7“, заснован е на истата шасија и има исти елементи како и на британскиот автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП