26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците тврдат: Лекот може да го блокира коронавирусот

Американците тврдат: Лекот може да го блокира коронавирусот

Новото големо истражување покажува дека антивирусниот лек “ремдесивир” има „јасен“ ефект во лекувањето на луѓе со сериозни последици од СОВИД-19, изјави главниот американски лекар Ентони Фаучи.

Говорејќи во Белата куќа, Фаучи релкол дека „податоците покажуваат дека “Ремдесивир” има јасен, значаен, позитивен ефект во намалување на времето за закрепнување“.

„Toa докажува дека лекот може да го блокира овој вирус“, рекол Фаучи.

Тој додаде дека помала кинеска студија, која исто така е објавена денес и тврди дека нема корист од “ремедивир”, не е соодветна студија.

Објавата од Кина за слабиот ефект на лекот “ремдесивир” дошла откако комапнијата “Gilead Science“ објавила дека нејзиниот лек покажал позитивни резултати во сеопфатната студија на американската влада.

Се додава дека, прелиминарните резултати од испитувањето покажале дека состојбата кај најмалку 50% од пациентите третирани со петдневна доза на “ремдесивир” се подобрила и повеќе од половина биле отпуштени од болницата во рок од две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП