26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСевернокорејскиот лидер има воз за задоволство со харем од девици

Севернокорејскиот лидер има воз за задоволство со харем од девици

Ким Џонг-ун, лидерот на Северна Кореја, има каки-зелен воз, кој e толку оклопен што мора да го движат два мотора со брзина од 60 километри на час. Бидејќи во последните неколку недели се шпекулира дека Ким не е жив, кога неговиот воз пристигнал на приватната станица во склоп на неговата палата во одморалиштето „Вонсан“, медиумите почнале да нагаѓаат што значи тоа.

Шпекулациите дека Ким починал се шират од 15 април кога не присуствувал на роденденот на својот дедо, првиот комунистички диктатор на Северна Кореја, Ким Ил-сунг. Оттогаш се објавува дека прекумерното пушење и дебелината му го загрозиле животот на 37-годишниот диктатор, кој завршил на итна операција на срцето.

Додека не се открие, Сеул и Вашингтон будно го следат возот. Бидејќи е голем и бавен, не им е проблем да го следат.

Возот има 20 или повеќе вагони, во кои има дневна соба во корално-розови кожени софи, модерна, целосно бела конференциска сала, канцеларија опремена со сателитска телевизија и најсовремена кујна во која се готват деликатесите што Ким ги јаде со сребрени стапчиња.

Свеж јастог, најдобри вина и привлечни кондуктерки се незаобиколни во диктаторските излети на Ким. Се зборува дека иако е во брак со шест години помладата Ри Сол-ју, Ким ја оживеал практиката на својот покоен татко, позната како бригада за задоволство. Станува збор за млади девојки, кои имаат задача да даваат сексуални и други задоволства за време на патувањето.

Сите девојки во бригадата се високи и убави, а лекарите проверуваат дали се девици. Доколку се согласат да бидат дел од бригадата, девојките добиваат 160 евра, што е огромна сума во Северна Кореја.

Едни од омилените пијалаци на Ким се шампањ „кристал“ и коњак „хенеси“, а љубител е и на швајцарски сирења. Се зборува дека ги засакал за време на школувањето во Швајцарија, каде што се претставил како дете на вработен во амбасада.

Неговиот оклопен „мерцедес“ е во возот. За разлика од татко му, Ким не се плаши од авиони, кои често ги користи.

Рускиот службеник Константин Пуликовски еднаш патувал со Ким Џонг-ун и му раскажал дека можел да избира помеѓу руската, кинеската, корејската, јапонската и француската кујна во време кога земјата се борела со глад. За време на патувањето на станиците ги чекале свежи јастози, чија цена во тоа време била огромна, пренесува „Дејли мејл“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП